УРДИН, Киро

УРДИН, Киро (Струмица, 12. Ⅴ 1945) – сликар, член на МАНУ надвор од работниот состав. Живее во Франција. Дипломирал на Академијата за филм во Париз (1977). Мошне активен како сликар и филмски работник во пове-Киро Урдин: „Кинески ѕид“ (1998) ќе земји во светот. Се определува за поетско толкување на појавите. Изразот е експресионистички со спонтани премини од апстракција кон фигурација (Огнен бик, 1988; Севилја, 1991; Метаморфоза, 1992). За филмот „Планетариум“ добил престижна американска награда во Лос Анџелес (2005). С. Аб.-Д. Кочо Урдин