УРДАРЕВСКИ-СТАНКО, Александар

УРДАРЕВСКИ-СТАНКО, Александар (с. Чучер, Скопско, 1920 – Градец, Косово, 1. Ⅱ 1943) – учесник во НОБ. Завршил средно земјоделско училиште во Неготин и студирал на Земјоделскиот факултет во Белград. Бил член на СКОЈ (1938) и на КПЈ (1939). По Априлската војна се вратил во Македонија, се поврзал со организацијата на КПЈ во Скопје и работел на организирањето на НОД во Скопско. Бил борец во првиот Скопски НОПО (1941), заменик командант на одред (1942) и командант на Македонско-косовскиот НОПО (1943). Загинал во борба со здружени италијанскоалбански сили. Прогласен е за народен херој на Југославија. ЛИТ.: Народни херои од Македонија, Скопје, 1970. Вл. Ив. Киро Урдин