УРБАНА СРЕДИНА

УРБАНА СРЕДИНА – претставува дел од животната средина, која човекот потполно ја изменил со објектите што ги изградил и ги гради (згради, патишта, улици, производни погони, културни центри, здравствени и образовни институции и др.), со кои наполно се изменети хидротермичките услови на животната средина. Затоа урбаната средина, според начинот на својата егзистенција, преставува хетеротрофен систем, кој има потреба од дотур на егзогена енергија, неопходна за транспорт на материјали, за движење на сообраќајни средства, за работа на уредите вградени во домаќинствата, за производните погони, за лифтовите во многукатните згради. За животот на граѓаните во урбаната средина потребна е и ендогена енергија. На овој простор се создаваат огромни количини отпадни материи што се испуштаат од согорувањата на течните, цврстите и гасните енергенти, а од искористувањето на ендогената енергија огромни количини на цврст комунален смет што треба секојдневно да се отстранува од урбаната средина. Љ. Гр. Александар Урдаревски -Станко