УРАН, Никифор

УРАН, Никифор (Џ–Ⅺ в.) – византиски војсководец, победник над Самуил (996). По бегството од заробеништво во Багдад, од Василиј Ⅱ бил назначен за доместик на Западот, потоа и за дукс во Солун (996). Ја вратил Лариса и го поразил Самуил кај р. Сперхеј (летото 996), по што триумфално се вратил во Цариград. ЛИТ.: С. Антолјак, Самуиловата држава. Средновековна Македонија, И, Скопје, 1986. Б. Петр.