УНИВЕРЗИТЕТ „СВ

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ (Битола,
25. Ⅳ 1979) – втор македонски универзитет, по Универзитетот
Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, основан како Битолски универзитет. При основањето опфаќал осум високошколски и научни институции од подрачјето на југозападниот дел на СРМ: Правниот и Техничкиот факултет, Вишата земјоделска школа и Педагошката академија во Битола, Економскиот факултет и Институтот за тутун во Прилеп, Факултетот за туризам и угостителство и Хидробиолошкиот завод во Охрид. Подоцна кон него се приклучиле и Институтот за старословенска култура во Прилеп (1985) и Вишата медицинска школа (1988). По преименувањето во Универзитет „Св. Климент Охридски“ (1993), се здобил и со други членки: Факултетот за учители и воспитувачи (1995) и Биотехничкиот факултет (од 1999). Има значаен придонес за побрзиот научен, општествен и стопански развиток на југозападниот дел на РМ.

ЛИТ.: Битола, Битола, 1985, 87–88. С. Мл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *