УНИВЕРЗИТЕТСКИОТ СПОРТ ВО МАКЕДОНИЈА

УНИВЕРЗИТЕТСКИОТ СПОРТ ВО МАКЕДОНИЈА. Се јавува на Филозофскиот факултет во Скопје со формирањето на Југословенски шаховски клуб, Здружение на студенти – планинари и Југословенски аероклуб (1935). Подоцна било формирано и Академско спортско здружение со неколку секции (1938). По Ослободувањето квалитетните спорт-ски активности се одвиваат во Академското спортско друштво „Студент“ во Скопје (од 1945), со повеќе спортски клубови во него. Со основањето на Универзитетот во Скопје (1949), бил формиран Студентски спортски одбор, кој прераснува во Спортски сојуз на Универзитетот „Св. Кирил и Ме-Натпревар на Универзитетската лига во кошарка (1999) тодиј“. Тој водел грижа и ги организирал спортските и спортскорекреативните активности на студентите. Со основањето на Универзитетот во Битола бил формиран и Спортскиот сојуз на Универзитетот „Климент Охридски“. Овие сојузи се здружени во Универзитетски спортски сојуз на Македонија (УССМ), сега Федерација (од 2002). УССМ беше член на Универзитетскиот спорт-ски сојуз на Југославија (до 1992), а потоа на Меѓународната студентска спортска федерација (од 1993). ЛИТ.: Даринка Пачемска, Активноста на напредните студенти во спортските друштва на Филозофскиот факултет во Скопје од 1935 до 1941 година, „Прилози за историјата на физичката култура на Македонија“, Скопје, 1981, 49–57; Душан Станимировиќ, Спортските активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Физичка култура, Скопје, 1995, 50–52. Д. С. Слободан Унковски