УНГАРСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ

УНГАРСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ. Се воспоставуваат во средниот век (ќерка на унгарскиот владетел Зејзе се мажи за синот на Самуил – престолонаследникот Гаврил Радомир), продолжуваат по Маричката битка (1371), кога синовите на кралот Волкашин, браќата на Кралот Марко, го завршуваат животот во Унгарија како благородници. Нови врски се воспоставуваат и по Карпошовото востание (1689), кога следува вториот бран иселување Македонци, што трае до крајот на ⅩⅤⅠⅠⅠ в. Се развиваат и трговски и културнопросветни врски, па и Јоаким Крчовски и Кирил Пејчиновиќ во К. Пејчиновиќ: „Различна поучителна наставленија“, Будин Град (1819) Будим ги публикуваат првите книги „Повест ради страшнаго и втораго пришествија Христова“ (1814) и „Огледало“ (1816) во Бу-дим. Независна Македонија воспоставува дипломатски односи со Унгарија на 29. Ⅷ 1994 г. Прв вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонијаво Унгарија е Огнен Малески (нерезидентен, од Виена). Прв вонреден и ополномоштен амбасадор на Унгарија во Република Македонијае Јанош Тот (нерезидентен, од Белград). ЛИТ.: Стјепан Антолјак, Средновековна Македонија, И, Скопје, 1985; Ахил Тунте, Република Македонија – прва декада (1990–1999), Скопје, 2005. Т. Петр.