УМЕТНИЧКИ ЗАНАЕТИ

УМЕТНИЧКИ ЗАНАЕТИ – посебно усовршени занаети со уметнички вкус. Во текот на ⅩⅠⅩ в. во Македонија биле доведени до ниво на уметност. Остварувале естетски референтни реализации, најмногу во доменот на црковното градителство. Развојот на одделни дисциплини, преку кои се регистрира постоењето на уметничките занаети, придонесува за создавање локални центри преку кои се идентификуваат единичните разлики помеѓу навидум сличните производи од идентични уметнички занаети. К. Гр.