УЛКУ, Нусрет Дишо

УЛКУ, Нусрет Дишо (Нусрет Диþо Üлкü) (Призрен, 1937) – поет, раскажувач, писател за деца, новинар, преведувач, припадник на турската националност. Новинар во в. „Бирлик“ и на весникот „Тан“, уредник на сп. „Севинч“, „Томурџук“ и Куш. Еден од состсвувачите на Букварот за турски јазик. Член е на ДПМ од 1967 г. БИБ.: Деца и дрвја, 1963; Детски раце, 1967; Триаголник, 1968; Од се понешто, 1972; Црниот Исмет, 1973; Морето и јас, 1974; Епопеја, 1976; Големи деца, 1972; Три мачиња, 1992. ЛИТ.: Ф. Каѕа, Ѕугославѕа Çаðдаþ Тüрк Антолојиси, саѕ. 11, Ýстанбул, 1992 ѕ›л›; Македонски писатели, Ск., 2004. А. Аго