УЛАНЦИ

УЛАНЦИ – ГРАДСКО – некропола и населба од крајот на бронзеното време. Лоцирани се на левиот брег на Вардар, на 1 км јужно од с. Уланци. Населбата, позната како „Столот“, претставува доминантен рид заштитен со бедем од кршен камен, со неколку слоеви од живот во текот на ⅩⅤⅠⅠⅠ и ⅩⅠⅠ в. пр. н.е., со градби од плитар. Некрополата е лоцирана на 200 м северно од населбата и е организирана во неколку групации гробови, најчесто цисти од камени плочи. Единствен ритуал на погребување е згрчената инхумација со унифицирани погребни обичаи и гробни прилози. Во културниот инвентар посебно место $ припаѓа на т.н. мат сликана керамика, но се присутни и некои форми на локални копии на доцномикенските садови. Металните предмети се поретки, а најзастапени се долгите бронзени игли, бронзените ножиња и формите од бронзен накит. Според инвентарот (прилози на ритуални колани од минијатурни двојни секирки), се издвојуваат две погребувања на жени-свештенички. Досега се истражени вкупно 125 гробови и сите се сместени во рамките на доцното бронзено време (ⅩⅣ – ⅩⅠⅠ в. пр. н.е.). Некрополата и населбата во Уланци се најсилен израз на т.н. Повардарска или Уланци група на доцното бронзено време.

Нусрет
Дишо
Улку