УЗУНОВ, Анешти

УЗУНОВ, Анешти (с. Плевња, Драмско, Егејскиот дел на Македонија, 7. Ⅱ 1914 – с. Рибново, Родопско, 10. Ⅴ 1943) – организатор на партизанското движење во Неврокопско, Пиринскиот дел на Македонија. Бил печатарски работник и млад се вклучил во ВМРО(Об). На судскиот процес (1936), кога биле судени членовите на ВМРО(Об), пред судиите изјавил дека по националност е Македонец, а не Бугарин. Бил осуден на долгогодишна затворска казна. По излегувањето од затвор (1938) ја продолжил својата револуционерна работа. Бил секретар на Околискиот комитет на нелегалната КП (1941). Загинал во вооружен судир со бугарската полиција. ЛИТ.: Георги Т. Мадолев, ВÍорÍжената борба в Пиринския краŸ 1941–1944, София, 1966; История на благоевградската окрÍжна организация на БКП, София, 1979. В. Јот.