УЗУНОВ, Ангел

УЗУНОВ, Ангел (Охрид, 1886 – Софија, 1975) – учесник во македонското револуционерно движење. По Првата светска војна се вклучил во редовите на ВМРО, бил близок соработник на Т. Александров и Ив. Михајлов, резервен член на Задграничното претставништво (1925), пратеник во Народното собрание на Бугарија. Од 1928 бил во протогеровистичката ВМРО.
ЛИТ.: Зоран Тодоровски, ВМРО 1924–1934, Скопје, 1997; Алманах на бÍлгарските национални движения след 1878, София, 2005. З. Тод.

Анешти Узунов

Напишете коментар