УГРИНОВСКИ, Јовица Николов

УГРИНОВСКИ, Јовица Николов (Скопје, 2. Ⅹ 1945) – специјалист неврохирург, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Специјализирал неврохирургија во Скопје (1975), завршил три постдипломски курса по неврохирургија во Монпелје (1977), Манчестер (1978) и Братислава (1981), магистрирал (1978) и докторирал (1986). Придонел во воведувањето на проспективниот предвидувачки скоринг систем во неврохирургијата и методот на премостување на крвните садови во мозокот. При атентатот врз Претседателот на Република МакедонијаКиро Глигоров (Скопје, 1994) изведе сложени неврохируршки оперативни зафати. Организатор е на Итната санитетска хеликоптерска служба во РМ, како и на повеќе волонтерски организации и се занимава со алпинизам. Публикувал повеќе од 140 научни трудови и 6 книги. Сопственик е на приватната клиника „Неуромедика“. БИБ.: Трауматска кома, Скопје, 1991; Неврохирургија, Скопје, 1992; Медицинско-санитарен прирачник за алпинисти и планинари, Скопје, 1993; Медицинско-санитарен прирачник за алпинисти и планинари. Ⅱ издание, Скопје, 1996; Практична неврохирургија, Скопје, 1999; Практична неврохирургија 2, Скопје, 2001; Сун ин тхе ице-Антарцтиц, Скопје, 2002; Неврохирургија за студенти по медицина и стоматологија, Скопје, 2003. М. шољ. УГРИНСКИ, Предраг Стефанов