УГЛЕША, Јован

УГЛЕША, Јован (? – Черномен на р. Марица, 26. Ⅸ 1371) – деспот во Серската област (1365–1371), брат и совладетел на кралот Вол-кашин. Учествува во Косовската битка (1369), кога заедно со кралот Волкашин ги поразуваат коалиционите војски на Лазар Хребелјановиќ, Никола Алтомановиќ и царот Урош В. Бил во постојана војна со Турците што биле на границите на неговата област. Загинува заедно со кралот Волкашин во битката на р. Марица, кога воено се спротиставуваат на османлиските навлегувања. ЛИТ.: Константин Јиречек, Српски цар Урош, краљ Вукашин и Дубровчани, Зборник Константина Јиречека, И, Београд, 1959, 341–385; Стојан Новаковиђ, Ср-би и Турци, Београд, 1960; Георгије Острогорски, Серска област после Душанове смрти, Византија и Словени, Београд, 1970, 435–456; Билјана Ристовска-Јосифовска, Кралот Волкашин и Углеша Мрњавчеви во делото на Мавро Орбини Кралството на Словените, „Балцанославица“, 26–27, 1999–2000, 171–183. Б. Р.-Ј.