ТУЏАРОВ, Томе Душанов

ТУЏАРОВ, Томе Душанов (Стру-мица, 25. Ⅴ 1935 – Скопје, 12. Ⅹ 2004) – спец. по максилофацијална хирургија, редовен проф. на Ст. ф. (1986). Докторирал во 1976 г. Публикувал 100 статии. Автор е на книгите: „Плунковни жлезди и нивните заболувања“, „Темпоромандибуларен зглоб“, „Акупунктура во теоријата и практиката“. Трипати бил продекан на Ст. ф. и претседател на Здружението на максилофацијалните и пластичните хирурзи во СФРЈ. Е. М. Ванчо Тушевски