ТУЈА

ТУЈА (Тхуја Л., фам. Цупрессацеае) – родот содржи шест зимзелени вида дрвја од Источна Азија и од Северна Америка. Се одликуваат со пирамидален хабитус, лушпести листови, густо прилегнати врз сплесканите леторасти. шишарките се мали и дрвенести. Кај нас, како декоративни видови, се одгледуваат: Тх. ориенталис Л., источна туја од Источна Азија; Тх. оцциденталис Л., западна туја од источните делови на Северна Америка; и Тх. плицата Дон., голема туја од западните делови на Северна Америка. Ал. Анд. Владимир Тулевски