ТУШИ, Зехедин З

ТУШИ, Зехедин З. (с. Добовјани, Струга 26. Ⅶ 1943) – генералпотполковник на АРМ. Основно и средно училиште завршил во Струга. Воена академија на ЈНА (Белград), Командноштабна академија и школа за народна одбрана на ЈНА. Бил командир на вод и на чета, командант на граничен баталјон, началник на штаб на корпус, помошник на НГ ш за КОВ и директор на ГШ на АРМ. Разрешен од должноста на 15. Ⅲ 2003. ИЗВ.: Архив на ГШ, дос.„Генерали на АРМ“. В. Ст.