ТУФЕКЏИЕВ, Наум

ТУФЕКЏИЕВ, Наум (Ресен, 29. Ⅵ 1864 – Софија, 26. Ⅱ 1926) – трговец од Македонија во Софија, припадник на врховистичката организација, потпретседател на ВМК (1895). По убиството на С. Стамболов се засолнил во Одеса. По Младотурската револуција дошол во Македонија. Бил близок со младотурските раководители Нијази-бег и Енвер-бег. ИЗВ. и ЛИТ.: Г. Делчев, Спомени, Документи, Материали, София, 1978; Х. Сил®нов, Освободителните борби на Македони®, И, 474, Ⅱ, 356, Софи®, 1983. Ал. Тр.