ТУРСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ

ТУРСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ. Датираат од Маричката битка 1371 г. по која Османлиите почнуваат да навлегуваат на територијата на Македонија. До 1430 г. на вкупната територија на Македонија е воспоставен османлиски административен и воено-полициски систем што функционира до поделбата на Македонија (1913). По Втората светска војна односите меѓу Македонија и Турција се одвиваат во рамките на односите меѓу СФРЈ и РТ. Во Спогодбата меѓу Југославија и Турција од 1952 г. за иселување на турското население во Турција е предвидено само Турци од Македонија да се иселат. Врз база на оваа спогодба голем број Турци од Македонија се иселиле во Турција. РТ ја признава Република Македонијана 6. Ⅱ 1992 г. под уставното име. Дипломатски односи се воспоставуваат на 26. Ⅷ 1992 г. Прв вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонијаво РТ е Трајан Петровски. Прв вонреден и ополномоштен амбасадор на РТ во Република Македонијае Суха Нојан (воопшто, прв странски амбасадор акредитиран во РМ). Ден претходно, на 6.Ⅴ 1993 г., РТ ја отвора првата амбасада во Скопје. ИЗВ.: Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и национална држава, т.И и Ⅱ, Скопје 1981. ЛИТ.: Виктор Габер, За македонската дипломатија, Скопје, 2002. Т. Петр. Александар Турунџов