ТУНТЕВ, Борис

ТУНТЕВ, Борис (Охрид, 21. Ⅲ 1911 – Скопје, 29. Ⅹ 1977) – професор по геодезија. Средно техничко училиште завршил 1931 г. во Белград. Во ГУЦ „Здравко Цветковски“ – Скопје работел како професор од формирањето до пензионирањето (1949–1971). Ги напишал учебниците „Геодетски пресметувања“ и „Применета геодезија“. Р. Риб. Васил Тупурковски