ТУНИЌ , Младен

ТУНИЌ , Младен (Призрен, 9. Ⅲ 1930 – Скопје, 30. Ⅷ 1985) – ликовен уметник, сликар, илустратор и дизајнер, еден од доајените на современата илустрација за деца во Македонија. Илустрирал сликовници и книги за деца, учебници и списанија, со лесен, лирски и распеан цртеж и богат колорит. Цртал и стрипови. Учествувал на изложби и саеми на книги во земјата и во странство. Ал. Цв.