ТУЛЕВСКИ, Владимир

ТУЛЕВСКИ, Владимир (Скопје, 5. И 1948 Скопје, – 21. Ⅹ 2008) – новинар. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје. Во „Нова Македонија“ од 1975 г. како соработник и уредник на Внатрешно-политичката рубрика. Дописник од Софија (1989), известувал за драматичните настани во Романија и паѓањето на Чаушеску. По враќањето е директор на Радио НОМА. Главен и одговорен уредник на „Вечер“ (2000–2005) потоа коментатор во весникот. Б. П. Ѓ.