ТРУХЕЛКА, ќиро

ТРУХЕЛКА, ќиро (Осиек, Хрватска, 1864 – Загреб, ? 1942) – класичен филолог, археолог, кој се занимава со проучување на праисторијата, антиката и раното христијанство на Балканот. Еден од основачите на Земаљскиот музеј во Сараево, каде што работи до 1922. Во 1925 г. именуван е за професор по археологија на Филозофскиот факултет во Скопје. Ја организирал наставата на катедрата под име „Семинар за археологија и историја на уметноста“. Предавал општа археологија, од праисторијата до пропаста на римската култура, ранохристијанска уметност и грчка и римска нумизматика. БИБ.: Археолошке белешке из Јужне Србије, И, „ГСНД“, Скопје, 1928; Археолошке белешке из јужне Србије Ⅱ, „ГСНД“, Скопје 1929, 59–85. ЛИТ.: Нивес Мајнариќ Панджиќ, ќиро Трухелка – професор археологије и повјести умјетности на Филозофском факултету у Скопје, Регионес паенинсулае Балцаницае ет проџими ориентис, Бамберг, 1988, 415–424. В. Б.-Гр.