ТРСТЕНА, шабан

ТРСТЕНА, шабан (Скопје, 1. И 1965) – борач. Бил член на Боречкиот клуб „Лирија“ во Скопје. Тој е повеќекратен младински и сениорски првак на Југославија и државен репрезентативец. На младинските балкански првенства настапил двапати и еднаш за кадети и освоил два златни и еден бронзен медал. На Европското првенство за младинци настапил во Лајпциг (Германија, 1982) и освоил бронзен медал, како и за сениори седумпати: Варна (Бугарија, 1982) бронзен, Будимпешта (Унгарија, 1983) сребрен, Јончепинг (шведска, 1984) златен, Лајпциг (Германија, 1985) сребрен, Атина (Грција, 1986) сребрен, Манчестер (Англија, 1988) бронзен и Познањ (Полска, 1990) златен медал. На Медитеранските игри во Казабланка (Мароко, 1983), Латакија (Сирија, 1987) и Атина (Грција, 1991) освоил златни медали. На светски првенства настапил шестпати (1982–1990), а негов најдобар резултат е бронзениот медал во Едмонтон (Канада, 1982). На Олимписките игри во Лос Анџелес (САД, 1984) освоил златен, во Сеул (Јужна Кореја, 1988) сребрен медал, а во Атланта (САД, 1996) зазел петто место. Бил избран за најдобар спортист на Југославија (1984 и 1988), а на Македонија шестпати (1984–1991) и за најдобар во ХХ век. ЛИТ.: Душан Станимировиќ, Спортски шампиони, избор на најдобрите во Македонија, 1954–2004, Скопје, 2005. Ф. Ѓ.