ТРПЧЕВА ЦРКВА

ТРПЧЕВА ЦРКВА (с. Дуње, Мариово) – доцноантичка населба со ранохристијанска базилика и средновековна некропола. Доцноантичката населба е во непосредна близина на ранохристијанскиот сакрален објект, подигнат кон крајот на Ⅴ в., користен и во поголемиот дел на Ⅵ в. Врз и околу остатоците од базиликата е формирана средновековна некропола на редови. Истражени се 142 гробни целини. Најголемиот број од гробовите се формирани со вдлабување во меката карпеста здравица, а потоа се оградувани делумно или целосно, меѓу кои најсолидно се градени гробовите од ти-пот на цисти. Богатиот гробен инвентар е дел од накит за украсување на телото: обетки, наушници, ѓердани, белезици, прстени, во кои има повеќе луксузни примероци изработени од сребро, бронза и стаклена паста. Од предметите симболи на христијанскиот култ се најдени едноделни крстови-приврзоци и крстови од типот на енколпиони. Најинтензивното користење на некрополата е во текот на Ⅹ и првата половина на Ⅺ в. ЛИТ.: Л. Кепеска, Трпчева Црква – истражувања 1997, „Мацед. ацта арцхаеол.“, 15, Скопје, 1999, 309–323; К. Кепески, Новооткриена старохристијанска базилика кај с. Дуње, Мариово, „Мацед. ацта арцхаеол.“, 16, Скопје, 2005, 247–257. Л. К. Симон Трпчески