ТРПОВСКИ-ЦРНИОТ, Лазо

ТРПОВСКИ-ЦРНИОТ, Лазо (с. Д’мбени, Костурско, Егејскиот дел на Македонија, 1900 – с. Имере, Кожанско, 11. Ⅳ 1943) – член на КПГ и припадник на Македонското националноослободително движење. Во 1928 г. емигрирал во Канада и се активирал во организираното македонско иселеништво, а по протерувањето емигрирал во СССР, каде што ја завршил Високата политичка школа. Лазо Трповски-Црниот Во 1935 г. се вратил во Грција, се активирал во КПГ и му пристапил на Македонското националноослободително движење претставувано од ВМРО(Об). Во почетокот на 1939 г. бил уапсен и спроведен во логорот на о. Акронавплија (до јуни 1941). По Ослободувањето се вклучил во Движењето на отпорот. Бил член на Македонското биро на КПГ и доследно ја спроведувал политиката на Партијата. Бил убиен од вооружените припадници на ПАО. ЛИТ.: Егејска Македонија во антифашистичката војна 1941–1943, Ⅶ, 1, Скопје, 1985. Ст. Кис. Иван Трпоски