ТРПКОВ, Коста

ТРПКОВ, Коста (Радовиш, 28. Ⅱ 1919 – Скопје, 11. Ⅲ 1993) – музички педагог. Своето музичко образование го оформува на Музичката академија во Белград (Н. Цвеиќ, 1951). По враќањето во Скопје работи како наставник во Средната музичка школа, потоа како професор на Педагошката академија (од 1956) и на ФМУ (од 1967). Т. е еден од втемелувачите на музичкото школство во Македонија по Ослободувањето. Од неговата класа потекнуваат бројни пејачи (М. Ефтимова, Б. Николовски, И. Божиновска-Савин и др.). Б. Орт.