ТРПКОВ-БУФСКИ, поп Константин

ТРПКОВ-БУФСКИ, поп Константин (с. Буф, Леринско, меѓу 1815 и 1820 – ќустендил, ок. 1897) – културно-просветен деец, свештеник, војвода. Се школувал во родното село и во Битола. Бил организатор на заговор против османлиската власт. По откривањето на заговорниците издржал 16 години заточение во Битолскиот и во Солунскиот затвор. Бил војвода на чета во Кресненското востание (1878/1879). Учествувал во работата на Народното собрание на Македонија на Гремон Текеш и во Привремената влада на Македонија (1880–1881). ИЗВ. и ЛИТ.: Х. Андоновски, Костадин Трпков – Буфски во Македонското востание од 1878 година. зб.: Кресненското востание во Македонија 1878–1879, МАНУ, Скопје, 1982; Н. Миновски, Селото Буф – Монографски приказ, Битола, 2006. Ал. Тр. Мира Трпковска ТРПКОВСКА, Мира Миланова