ТРПКОВ, Борис

ТРПКОВ, Борис (Скопје, 16. Ⅶ 1933) – редовен професор на шумарскиот факултет во Скопје, специјалист за областа и предметот ловство. Дипломирал на Земјоделско-шумарски факултет во Скопје (1958), каде што станал асистент (1960). Докторирал во 1972 г., а за редовен професор е избран во 1982 г. Ја вршел должноста декан на шумарскиот факултет во Скопје (1984-1986). Плоден научен работник, со голем број објавени трудови, студии, програми, ловностопански основи и автор на учебникот „Ловство“. Истакнат општествен работник, повеќе години бил претседател на Ловечкиот сојуз на РМ. Докторирал на тема „Оптимална возраст на матичните јата фазани и можност за супституција на животинските со растителни протеини во нивната исхрана“ (Скопје, 1972). БИБ.: Ловечки прирачник, Скопје, 1979; Птици, Скопје, 1981; Ловство, Скопје, 1985; шумски резерват „Јасен“, Скопје, 1997. В. Мал.