ТРОМБЕВ, Ѓорѓи

ТРОМБЕВ, Ѓорѓи (Битола, 8. ⅩⅠⅠ 1950) – редовен професор на Техничкиот факултет во Битола по предметите греење, вентилација, климатизација и термотехнички постројки. Дипломирал (1976) и магистрирал (1985) на Машинскиот факултет во Скопје. Докторирал на Техничкиот факултет во Битола (1996). Професионалната кариера ја започнува во РО „Гоце Радосавлевиќ“ во Битола (1976), каде што работи на раководни работни места. Вработен е во Фабриката за фрижидери „Раде Кончар“ во Битола (1982–1983), а во периодот од 1983 до 1987 г. е вработен во РЕК „Битола“ како инженер за надзор на изградбата на ТЕ Битола 2 и 3. Работи на Техничкиот факултет во Битола како асистент (од 1987), а подоцна и како редовен професор (2006). Бил декан на Факултетот во периодот 2002–2006. Има објавено повеќе од 50 научни и стручни трудови и изработено повеќе од 50 проекти и студии. Гл. К.