ТРИЧКОВ-ЈАНЕ, Иван

ТРИЧКОВ-ЈАНЕ, Иван (Белица, 7. Ⅶ 1916 – Благоевград, 24. Ⅷ ?) – учесник во НОД во Пиринскиот дел на Македонија. Во судскиот процес (1935) бил осуден на 5 години затвор. Во Втората светска војна повеќепати бил затворан и интерниран. Од 1942 г. бил командант на Разлошкиот партизански одред „Никола Парапунов“. По 9. Ⅸ 1944 имал раководна функција во Министерството за внатрешни работи на НР Бугарија. ИЗВ.: Георги Т. Мадолев, Парапуновци, Спомени, София, 1980. В. Јот. Бранко Тричковски