ТРИЧКОВСКИ, Бранко

ТРИЧКОВСКИ, Бранко (Крива Паланка, 13. И 1952) – новинар. Завршил Факултет за политички науки во Загреб. Со новинарство почнал во „Нова Македонија“ (1975), каде што ги минал сите професионални скалила – од помлад соработник до постојан дописник во Софија (1992/96), уредник-коментатор и помошник на главниот и одговорен уредник (1997/99). Во меѓувреме на работа во Македонската телевизија (1985/86). Еден од основачите на „Утрински весник“ (1999), негов прв главен и одговорен уредник. Од 2003 г. уредниккоментатор во „Утрински весник“. Прв главен и одговорен уредник на неделникот „Глобус“. Б. П. Ѓ.