ТРИФУНОВСКИ, Љубомир

ТРИФУНОВСКИ, Љубомир (с. Велушина, Битолско, 6. Ⅷ 1938) – диригент и наставник по музичко образование. Музичките студии ги завршува на Педагошката академија во Скопје (1962). Станува диригент на Мешаниот хор на КУД „Стив Наумов“ во Битола (1969). Со овој хор, како и со Женскиот хор (основан во 1971 г.), се здобил со бројни признанија на фестивалите во земјата и во странство. Др. О.