ТРЕТО ЗАСЕДАНИЕ НА АСНОМ

ТРЕТО ЗАСЕДАНИЕ НА АСНОМ .(Скопје, 14 – 16 Ⅳ 1945) – познато и како Второ вонредно заседание. Биле разгледани извештаите за работата на Президиумот на АСНОМ и на неговите поверенства во перодот меѓу заседанијата. Особено позитивно биле оценети првите избори организирани во март 1945 г., како пр-ви „слободни“ избори. Биле усвоени конститутивните акти: Законот со кој АСНОМ се преименува во Народно собрание на Македонија и Законот за Народната влада на Македонија, врз чија основа бил избран Президиумот на Народното собрание и Владата на ДФ Македонија. ЛИТ.:Д-р Новица Велјановски, АСНОМ – државотворни димензии, Скопје, 1994; зб.: Третото заседание на АСНОМ, т. И, кн. 3. Избор и редакција д-р Новица Велјановски, Скопје, 1987. Н. В. ските сили на комуникацијата РадовишШтип (до крајот на септември), имала краток престој во Радовиш (21/22 септември), во содејство со други воени единици извршила напад на Штип (24. Ⅸ), Берово и Пехчево (9. Џ), го завладеала врвот Вртешка (Пехчевско) (12/13. Џ), го ослободила Пехчево (13. Џ), ги завладеала врвовите Голак и Чавка, дејствувала кон Царево Село–Кочани со успешни борби за Могилка–Бигла (14–18. Џ), ја ослободила Виница (19. Џ) и Јаќимово 20. Џ), водела борба кај с. Радња и го ослободила с. Калаузлија (4. Ⅺ), водела борби кај Пилав Тепе и Зобник (Штипско, 6–7. Ⅺ) и го ослободила Штип (8. Ⅺ). Следеле борби против балистичките сили кај хидроцентралата Матка, селата Глумово, Групчин и Ларце, а потоа заедно со Третата македонска НОУБ го ослободила Тетово (19. Ⅺ). Подоцна боречкиот состав на бригадата влегол во составот на Осмата (македонска) дивизија на КНОЈ. ИЗВ.: Зборник докумената НОР, Ⅶ, 4, док. 75. ЛИТ.: Боро Митровски, Борбените дејства на 50. МНОД на НОВЈ во завршните операции за ослободување на Македонија (септември-ноември 1944), Кочани и Кочанско во НОВ 1941–1945, Кочани, 1985, 386–189; Д-р Марјан Димитријевски, Македонската војска 1944–1945, ИНИ, Скопје. 1999, 120–122. С. Мл.