ТРЕТА МАКЕДОНСКО-РИМСКА ВОЈНА

ТРЕТА МАКЕДОНСКО-РИМСКА ВОЈНА (171–168) – ја водел кралот Персеј (179–168), кој создал силна коалиција против Рим. Склучил сојуз со Илирите и со Тракијците, се договорил со Скордисците и со Бастарните да ја нападнат Италија од север, ги привлекол на своја страна Родос и демократските сили во Грција. Ги повикал да се вратат во земјата и сите што избегале или биле протерани од Македонија. Поради антиримската активност на Персеј, римскиот Сенат по третпат $ објавил војна на Македонија. Во почетокот, Персеј имал успеси. Во решавачката битка близу до македонскиот град Пидна претр-Третата македонска народноослободителна ударна бригада пел катастрофален пораз (168). Римјаните, предводени од конзулот Луциј Емилиј Павел, ја опколиле македонската војска и речиси целосно ја уништиле. Персеј бил фатен и заедно со семејството одведен во заробеништво во Рим. ЛИТ.: Н. Г. Л. Хаммонд, Тхе Мацедониан Стате, Оџфорд, 1989. К. Аџ.