ТРЕТА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА УДАРНА БРИГАДА

ТРЕТА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА УДАРНА БРИГАДА (с. Жегљане, Кумановско, 26. Ⅱ – с. Лисиче, Велешко, 7. Ⅸ 1944) – воена единица на НОВ и ПОМ, формирана од Битолско-преспанскиот народноослободителен баталјон „Стефан Наумов – Стив“ и кумановските народноослободителни баталјони „Јордан Николов – Орце“ и „Христијан Тодоровски – Карпош“. Во својот борбен пат го разбила Вардарскиот четнички корпус од околу 800 четници во нападите кај с. Сејац (29. Ⅱ) и Ново Село (3. Ⅲ), водела успешни борби кај Билјача, Буштрање, Свињиште и Ристовац (23. Ⅲ), ги уништила рудничките постројки во Добрево и ПробиШтип (3. Ⅳ), а при нападот на Кратово (25. Ⅳ) заробила 120 бугарски војници. Во времето на Пролетната офанзива во Македонија (25. Ⅳ – 20. Ⅵ), во содејство со други народноослободителни единици, водела успешни борби во Македонија и Поморавјето со напад на Кратово (25. Ⅳ), борби кај Побиен Камен, Црноок (5. В), Станикин Крст (12. В), Знеполе (13. В), Лисец, Косматица, Голак, Костурино (1. Ⅵ), Кушкули (5. Ⅵ), пл. Круша, Пониква, Чупино Брдо (15. Ⅵ) и Петрова Гора (19. Ⅵ). Нарасната со прилив на нови борци, од дел на нејзините и дел на борците на Втората македонска НО бригада, била формирана Четвртата македонска НО бригада (пл. Лисец, 24. Ⅶ 1944). Потоа продолжила со успешни напади и диверзии по должината на патот КумановоКрива Паланка, со ноќен напад против бугарските сили во селата Страцин, Младо Нагоричане и Клечовце, нанесувајќи им загуби од околу 50 убиени, ранети и заробени војници и рушејќи два моста на реките Пчиња и Петрошница (24. Ⅶ), извршила напад на железничката станица во Табановце (28. Ⅶ) и неколку диверзии на истата железничка пруга (30. Ⅶ), а потоа имала мошне значајна улога во обезбедувањето на работата на Првото заседание на АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчински“ (2. Ⅷ). По заседанието кај Голема Глава го разбила бугарскиот полициски одред од 120 полицајци (ноќта меѓу 9/10. Ⅷ), заедно со Кумановскиот НО одред пак извршила напад на железничката станица во Ристовац и Табановце (ноќта меѓу 12/13. Ⅷ), во содејство со Осмата прешевска НО бригада го нападнала рудникот Лојане (ноќта меѓу 23/24. Ⅷ), при што биле заробени 28 бугарски војници, го организирала ослободувањето и прифатот на околу 300 политички затвореници од Скопскиот затвор Идризово (29. Ⅷ), вршела постојани напади на железничката штабот на Третата македонска народноослободителна бригада пруга ВелесСкопје, а при формирањето на Четириесет и втората дивизија на Петнаесеттиот (македонски) корпус на НОВЈ (с. Лисиче, Велешко, 7. Ⅸ), заедно со Осмата македонска (велешка) НО бригада и Дванаесеттата македонска (скопска) НО бригада, влегла во нејзиниот состав. Во составот на оваа дивизија учествувала во борбите против балистичките сили на Сува Гора, Каршијак, нападите на железничката пруга и во ослободувањето на Велес (9. Ⅺ), Скопје (13. Ⅺ) и Тетово (19. Ⅺ). Потоа, од Бујановац, со марш до Врање и транспортен воз за Земун, била упатена на Сремскиот фронт (почеток на јануари 1945) и низ борби и марш преку Илинци, шид (12. Ⅳ), Товарник, Стриживојно, Врполе (17. Ⅳ), Славонска Пожега (21. Ⅳ), реката Илова (25–30. Ⅳ), Криж, Дуго Село и други места пристигнала во слободниот Загреб (7. В). На враќање, преку Бања Лука и Крагуевац, пристигнала во Кралево. ИЗВОРИ: Куманово и Кумановско во НОВ 1941–1945. Документи, Куманово, 1988. ЛИТ.: Виорни дни. Спомен книга на Третата македонска ударна бригада, Скопје, 1957; Дане Цеков, Третата македонска бригада и Косовскиот одред до средината на мај 1944 година, Куманово, 1969; Златко Билјановски, Од Козјак до Загреб. Трета македонска народноослободителна ударна бригада, Белград, 1971; Спомен зборник на загинатите борци од НОВ и жртви на фашистичкиот терор од Куманово и Кумановско 1941–1945, Куманово, 1976, 178180. С. Мл.