ТРЕСКАВЕЦ

ТРЕСКАВЕЦ (Прилеп) – манастирски комплекс со средновековна црква „Св. Успение Богородичино“ од ⅩⅣ в. Во црквата се вградени мермерни споменици од римскиот период и парапетни плочи од олтарна преграда од ранохристијански објект. Ранохристијанскиот објект е подигнат во првата половина на Ⅵ век. Со него можат да се поврзат остатоците од темели на апсида од постара градба откриени непосредно крај надворешниот југоисточен агол на црквата. Во источниот дел од јужниот трем се откриени шест гробови со алвеола, всечени во гранитната стена кои се врзуваат за времето од почеток на Ⅹ до ⅩⅠⅠ век. Остатоци од ѕидови од постарата градежна фаза на црквата се откриени во јужниот брод и во северозападниот агол од јужниот трем. ЛИТ.: Н. Вулиђ, Географија Јужне Србије у античко доба, „ГСНД“, ⅩⅠⅩ, Скопље, 1938, 13; Б. Бабиђ, На маргинама историје манастира Трескавца, „ЗЛУ“, 1, Нови Сад, 1965, 24–25. Л. К. Страница од Трескавечкиот еухологиум (Требник)

This post is also available in: mkмакедонски enEnglish frFrançais deDeutsch ruРусский

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.