ТРЕНЧЕВСКИ, Костадин Глигоров

ТРЕНЧЕВСКИ, Костадин Глигоров (Кавадарци, 27. Ⅱ 1960) – математичар, ред. проф. (2001) на Костадин Тренчевски ПМФ. Дипломирал (1982) на Математичкиот факултет, магистрирал (1986) и докторирал на ПМФ (1990) со темата „Тензорско интегрирање на многуобразија и обопштување на Стоксовата теорема“. Како автор и коавтор има објавено повеќе од 100 научни трудови (во областите: диференцијална геометрија, диференцијални равенки, математичка анализа, алгебра, топологија, физика, физичка хемија и теорија на гравитацијата), две научни монографии, повеќе стручни трудови, учебници и прирачници за ученици-натпреварувачи. Учествувал на голем број научни собири, раководел научни проекти, бил продекан, в. д. декан (2005) и декан (2006 -) на ПМФ. БИБ.: К. Тренчевски, Д. Димовски, Цомплеџ Цоммутативе Вецтор Валуед Гроупс, монографија, МАНУ, 1992; Е Ѕазган, Ј. Биемонд, Р. Њијнандс, Ј. Р. Лин, М. Пардѕ, М. Барковицх, К. Тренчевски, Х. Ј. М. Цуеста, Трендс ин Пулсар Ресеарцх, Нова Публисхерс, монографија, 2005; К. Тренчевски, Д. Димовски, Он тхе аффине анд пројецтиве цоммутативе (м+к, м)-гроупс, Ј. Алгебра, 240, 2001, 338-365. ЛИТ.: ПМФ 1946–2006, монографија; БУ бр. 769/’00; Природно-математички факултетСкопје 1946–1996, Скопје, 1996, стр. 124; 60 години Природно-математички факултетСкопје, Скопје, 2006, стр. 128. Н. Ц. Мариовското женско ороТресеница