ТРЕНЕВСКИ, Злате

ТРЕНЕВСКИ, Злате (с. Кленоец, Кичевско, 10. Ⅹ 1916 – Скопје, ? 2006) – првоборец. Бил член на КПЈ (1941), борец во Партизанската група „Козјак“, еден од организторите на НОД во Кичевско, курир на ГШ на НОВ и ПОМ, секретар на Околискиот комитет на КПМ во Кичево, избран делегат за Второто заседание на АВНОЈ и делегат на Првото заседание на АСНОМ. По Ослободувањето извршувал разни раководни должности во Управата за државната безбедност. Носител е на Партизанска споменица 1941. ЛИТ.: ДАРМ – Скопје, ракописна биографија, ф.„Биографии“. Вл. Ив. ТРЕНЧЕВСКИ, Глигор Јованов