ТРЕБЕНИШТА

ТРЕБЕНИШТА – ОХРИД
пространа некропола со погребувања вршени во периодот од Ⅶ до Ⅳ в. пр.н.е. Се протега на три микролокации (Сува Чешма, Три Чељусти и Вртуљка) на 10-тина км северно од Охрид, во атарот на денешното с. Горенци. Првпат е откриена во 1918 г., истражувана во неколку наврати во 30-тите и во 50-тите години, а последните ископувања биле во 1972 г. Досега се откриени вкупно 56 гробови. Забележливи се две категории погребувања: кнежевски гробови и сиромашни гробови. Посебно се издвојуваат т.н. кнежевски погребувања (вкупно 13), и тоа по гробните конструкции (големи правоаголни јами изѕидани со камења), како и според карактерот и бо-

Некрополата Требеништа, Охридско (Ⅵ – Ⅴ век пр.н.е.)