ТРЕБЕНИШТА Ⅵ Ⅴ ВЕК ПРЕД Н

ТРЕБЕНИШТА Ⅵ – Ⅴ ВЕК ПРЕД Н. Е. Уредил: Паско Кузман гатството на гробните прилози. Сите датираат од последните 3 децении на Ⅵ в. пр.н.е. Меѓу богатите гробни прилози како најзначајни се издвојуваат оние што потекнуваат од најголемите занаетчиско-уметнички центри (бронзени садови, бронзени шлемови, железно дефанзивно и офанзивно оружје, златен и сребрен накит, црнофигурална античка керамика), како и другите луксузни предмети што се директно поврзани со погребниот ритуал и со погребните обичаи (златни погребни ма-ски, сандали, наракавици, наградници и др. златни апликации). Погребувањата во т.н. сиромашни гробови најчесто се вршеле со инхумација, но во одделни случаи се практикувала и кремација. Гробните конструкции претставуваат обични плитки јами, заградени и покриени со обични камења. Прилозите во нив (бронзен накит, железно оружје и орудија и домашна керамика) овозможуваат континуирано следење на развојот на локалната култура од Ⅶ, во текот на Ⅵ и во Ⅴ в. пр.н.е. ЛИТ.: Б Филов – К. Сцхкорпил, Дие арцхаисцхе некрополе вон Требенисцхте ам Охрида Сее, Берлин унд Леипзиг, 1927; Љ. Попови¢, Каталог налаза из Требеништа, НМ, Београд, 1956; П. Кузман, Сува Чешма,Три Чељусти и Вртуљка–Требеништа 1972, Охрид, 1985. Др. М.