ТРГОВСКА ШКОЛА

ТРГОВСКА ШКОЛА – прво стручно училиште во Македонија, отворено во Велес (1857) од факултетски образованиот српски учител Јован Нешковиќ (завршил филозофски и правни науки во Пешта). Училиштето имало два класа; во првиот се изучувале општообразовни предмети (граматика, историја, природознание, стокознание, аритметика, германски јазик и др.), а во вториот – предмети од областа на трговијата (трговски сметки, книговодство, записи, писмоводство и др.). Првата година училиштето го посетувале 40 ученици. Се смета за зачетник на (про)гимназиското образование не само во Велес, туку и во Македонија. К. Камб.