ТРБИЌ, Воислав

ТРБИЌ, Воислав (Војче) (Прилеп,?– Рилево, Прилепско, 1946) – четнички војвода во Македонија, припадник на движењето на Дража Михајловиќ, син на српскиот четнички војвода Василие Трбиќ. Во Македонија дошол во 1942 г. со цел во Велешката, Поречката и Прилепската околија и во Скопје да формира четнички штабови и да ја воспостави четничката организација на Дража Михајловиќ. Организирал посебни вооружени формации, градски комитети итн. Се залагал за повторно враќање на старата српска власт со српскиот крал. По војната бил осуден и ликвидиран. ЛИТ.: Младен Цолиђ, Четничке војне формације Драже Михајловиђа у Македонији 1942–1944 године. Зб. Развојот и карактеристиките на НОВ во Македонија, Скопје, 1973; Ѓорѓи Малковски, Политичките партии и организации во Македонија во Втората светска војна 1941–1944 година, Скопје, 2002. Ѓ. Малк.