ТРАЈЧЕВСКИ, Тодор

ТРАЈЧЕВСКИ, Тодор (Штип, 3. Ⅷ 1954) – композитор, аранжер и хармоникаш. Се вработил (1983) во Народниот оркестар на МРТ, апотоа станал и негов раководител (1988). Автор е на голем број песни (околу 200), аранжмани (над 400), како и на инструментални композиции за голем народен оркестар („Фолк загатка“, „Чие е она девојче“, „Изникна ми бадем дрво“, „Кинисала Роса“, „Повардарско оро“ идр.), инспириран од фолклорното наследство на Македонија. Пишувал и класични композиции (главно за тромбон и клавир, во соработка со Дуо Рибарски). Постојан учесник на речиси сите фестивали во Македонија. М. Кол. ТРАНДАФИЛОВСКИ, Никола