ТРАЈКОВ, Стево

ТРАЈКОВ, Стево (Чичево, Велес, 1930) – редовен професор на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје и истражувач. Во Чехословачка (од 1946) дипломирал на Вишата хемиско-индустриска школа во Прага (1954), магистрирал и докторирал на Универзитетот во Острава (1959). Работел во Чешката академија на науките (1958–1962) и во Министерството за металургија и рударство. Во Скопје е (од 1963) вклучен во создавањето на Рудници и Железарница „Скопје“. На Технолошко-металуршкиот ф-т во Скопје е од 1965 г., а како редовен професор од 1971 г. Бил водечки проектант при изгадбата на „ФЕНИ“ во Кавадарци, како и во други металуршки погони. Подрачја: теорија на металуршките процеси, физичка металургија и др. Пензиониран во 1995 г. ЛИТ.: „Билтен УКИМ“ бр. 514, од 15 Ⅱ 1989 г., стр. 9; 40 години Технолошко-металуршки факултетСкопје, монографија, ТМФ Скопје, 2000 г., стр. 111. Св. Х. Ј.