ТРАЈКОВ, Петар

ТРАЈКОВ, Петар (Пеце) (с. Врбени, Леринско, 2. Ⅵ 1886 – Софија, 13. И 1964) – национален деец и воен командант, полковник. Завршил гимназија во Битола. По Втората балканска војна емигрирал во Бугарија и завршил воена академија, а во Првата светска војна бил офицер во бугарската армија на Македонскиот фронт. Подоцна се вклучил во ВМРО (1923), бил секретар на Леринското македонско братство, а потоа во Егејскиот дел на Македонија формирал чета на ВМРО (1924), со која дејствувал во Леринско и Охридско. Заедно со Г. Попхристов и П. шанданов го раководел Битолскиот револуционерен округ на ВМРО и ги одржувал контактите со Албанија (1924-1928). Во отсуство бил осуден на смрт од грчките власти, по што се префрлил во Албанија, а потоа во Бугарија (1928). На шестиот конгрес на ВМРО бил избран за резервен член на ЦК на ВМРО. По убиството на Ал. Протогеров, се приклонил кон протогеровистите и бил член на нивниот ЦК. По растурањето на ВМРО од страна на бугарската влада, се приклонил кон Работничката партија. Како анти-фашист, во времето на Втората светска војна бил апсен од бугарските власти. Бил командант на Македонската НО бригада „Гоце Делчев“ (од септември 1944) на македонската емиграција од Софија. Унапреден во чин полковник (ноември-декември 1944), бил учесник на Второто заседание на АСНОМ (Скопје, декември 1944). По политичко недоразбирање се вратил и починал во Бугарија.
БИБЛ.: Национализмљт на скопските рљководители, Софиџ, 1949.
ИЗВ. „Билтен“ на ВШ на НОВ и ПОЈ,Ⅳ, 46–47, Положај, ноември-декември 1944.
ЛИТ.: Д-р Марјан Димитријевски, Македонската војска 1944–1945, Скопје. 1999, 140–141. С. Мл.

Стево Трајков

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *