ТРАЈКОВСКИ, Тома

ТРАЈКОВСКИ, Тома (Битола, 1933 – Битола, 1998) – стопанственик, конструктор, унив. професор. Дипломирал на Машинскиот факултет во Белград (1960). Работел во Фабриката за фрижидери „Георги Наумов“ во Битола како конструктор, бил раководител на одделение и управник на погон. На Вишата техничка школа во Битола е избран како хонорарен наставник (1962), а во 1968 г. стапува во редовен работен однос. Со формирањето на Техничкиот факултет во Битола е избран за вонреден професор, а потоа и за редовен професор (1982) по предметите Транспортни уреди, Технологија на материјали и Машинска обработка. Докторирал на Машинскиот факултет во Скопје (1982). Објавил шеесетина трудови од областите на пневматиката, средствата за транспорт и технологијата на обработка. Бил декан на Техничкиот факултет во Битола и ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола (1991–1993). Бил спортски пилот и претседател на Воздухопловниот сојуз на Македонија (1993–1995). Гл. К. Љупчо Трајковски -Фис ТРАЈКОВСКИ-ФИС, Љупчо