ТРАЈКОВСКИ, Кирил

ТРАЈКОВСКИ, Кирил (Штип, 27. Ⅺ 1951) – археолог. Дипломирал на Филозофскиот факултет (Група за археологија) во Белград (1976). Работи како кустос-советник за средновековна археологија во Музејот на Македонија (од 1977). Раководител на проектите за истражување на локалитетите Моробисдон, Брегалница и Коњух. БИБ.: Средновековниот град Мородвис во Македонија, зб.: ТрудÎ Пятого международного конгресса СлавянскоŸ археологии, Ⅲ, Киев, 1985, Москва, 1987, 89-93; Тхе Медиаевал Нецрополис „Цркиште“ ат Мородвис, Зборник, н.с., 1, Археологија, Скопје, 1995, 207-213. ЛИТ.: Лилјана Миладиновска, Македонско археолошко научно друштво. Библиографија на македонската археологија 1945– 2000, Охрид, 2001, 220-221. Р. Љубиша Трајковски