ТРАЈКОВСКИ, Димче

ТРАЈКОВСКИ, Димче (Скопје, 23. Ⅲ 1898 – Битола, 1978) – прв професионален актер и режисер во Македонија. Сопственик на патувачки театар пред Втората светска војна, во кој, покрај скечевите и врапчињата, биле играни и: „Печалбари“, „Македонска крвава свадба“, „Во синџири“, „Жена сотона“, комедии на Нушиќ и др. Тој е еден од втемелувачите на Македонскиот народен театар и негов член (1945–1954). Улоги: во „Платон Кречет“, Спиро („Народен пратеник“), Прока Прокиќ („Нажалена фамилија“), Тетин Јаков („Г-ѓа министерка“), како и неговата антологиска улога на Тасо во „Сомнително лице“. Р. Ст. Кирил Трајковски