ТРАЈКОВСКИ, Борис

ТРАЈКОВСКИ, Борис (с. Муртино, Струмичко, 25. Ⅵ 1956 – Мос-тар, БиХ, 26. Ⅱ 2004) – втор по ред претседател на самостојна и суверена Република Македонија(1999–2004). Гимназија завршил во Струмица, а Правен факултет во Скопје (1981). Дванаесет години бил претседател на младината на Обединета методистичка црква во СФРЈ. Раководител на правната служба при градежното претпријатие „Слобода“ во Скопје. Бил шеф на Кабинетот на градоначалникот на Општината „Кисела Вода“ во Скопје и ја водел Комисијата за надворешна политика на ВМРО–ДПМНЕ. Избран за заменик-министер за надворешни работи (ⅩⅠⅠ 1998). Во следната година е избран за претседател на Република Македонија(Ⅺ 1999). Под негово раководство се водени политичките разговори за прекин на војната на ОНА против оружените сили на Република Македонија(2001). Тој е потписник на Рамковниот договор од 13. Ⅷ 2001 г. во Скопје, со кој се менува уставно-правниот статус на македонската држава. Загина во авионска несреќа во близина на Мостар, во неразјаснети околности. ЛИТ.: Светомир шкариќ, Уставно право, Скопје, 2006. Св. ш. Димче Трајковски